Во синоќешните натпревари, Јута после пауза од цела деценија славеше во Сан Антонио...Кај шампионите Лејкерс за прв пат сезонава настапи Гасол...Феникс го доживеа триот пораз, но и покрај тоа останува на врвот на западот...
Сан Антонио (4-6) - Јута (6-6) 83 - 90
Дури после една деценија, “џезерите“ слават во Сан Антонио. Уште од времето на Карл Мелоун. Цели 20 мечеви им беа редовни пациенти на Спарс. Најголемата причина за поразот беше неиграњето на Ману Џинобили и на Тони Паркер кои поради повреди седеа на клупата.
Сан Антонио: Тим Данкан 21п 9с, Џорџ Хил 18п и Ричард Џеферсон 16п
Јута: Дерон Вилијамс 21п 10с, Карлос Бузер 18п 11с и Пол Милсап 20п
Њу Орлеанс (5-8) - Феникс (10-3) 110 - 103
Двете тројки, една на Стојаковиќ и на Колисон беа клучни за да домаќините направат +6 на 2 минути до крај и со тоа да стигнат до победа. Феникс го доживеа 3-от пораз сезонава, но и покрај тоа остана на врвот на западот бидејќи има повеќе победи од останатите конкуренти.
Њу Орлеанс: Пеѓа Стојаковиќ 25п 13с, Девин Браун 19п, Маркус Торнтон 19п, Емека Окафор 13п 12с и Дарен Колисон 15п
Феникс: Амари Стадемаер 23п, Џејсон Ричардсон 16п, Џеред Дадли 17п и Стив Неш 13п 10ас
Л.А.Лејкерс (9-3) - Чикаго (6-5) 108 - 93
За прв пат сезонава Фил Џексон во тимот го имаше Пау Гасол и со тоа за прв пат на располагање ја имаше најдобрата стартна петорка. Коби Брајант во 3-та четвртина го помина Карим Абдул-Џабар на листата на стрелци кај Лејкерс и сега е на втората позиција на вечната листа. Заостанува 1100 поени зад Џери Вест.
Л.А.Лејкерс: Пау Гасол 24п 13с, Коби 21п 9с 8ас, Рон Артест 15п
Чикаго: Дерек Роуз 20п, Џон Селмонс 18п, Бред Милер 15п и Јоаким Ноа 12п 15с