Сонувам за дуел со Барса и Меси
19/11/2009 01:02

Продолжуваме со интервјуата со нашите спортски јунаци. Овој пат го имаме Стевица Ристиќ кој што пред недела дена со Поханг Стилерс ја освои Азиската Лига на Шампиони.

 

Ретки се фудбалерите од нашата држава кои имале значителни успеси на меѓународна фудбалска сцена, а уште поретки оние кои успеале да се закитат со некој значаен трофеј. Ако до пред некој ден списокот се затвораше со имињата на Дарко Панчев и Илија Најдоски, кои во дресот на Црвена звезда се искачија на врвот на Европа, сега списокот може да се прошири со името и на Стевица Ристиќ. Поранешниот играч на кратовски Силекс и повремен репрезентативец пред десеттина дена во дресот на корејскиот Поханг Стилерс ја освои азиската Лига на шампиони и се вивна во фудбалската елита. Токму придонесот на Ристиќ искажан со неколку голови и асистенции беше огромен во походот кон најценетиот азиски трофеј. Останува дилемата во фудбалската јавност дали селекторот Мирсад Јонуз неоправдано го изоставува од репрезентативниот список, имајќи предвид дека Стевица игра во животна форма. Токму од тие причини го направивме ова интервју, во кое напаѓачот проговори за своите идни планови

 

- Претстои Светскиот клупски куп, колкави се шансите Поханг да ги елиминира двата противника и Стевица Ристиќ да излезе на теренот рамо до рамо со Меси, Чави, Ибрахимовиќ во големото финале?

 -Сеуште е рано да говориме за евентуален двобој со моќната Барселона, бидејќи на 29 ноември не очекува полуфинален двобој во корејската лига. Играме еден меч, и тоа на домашен терен затоа што во регуларниот дел од првенството завршивме како втори. Ако го совладаме противникот, не очекуваат финалните пресметки на 3 и 7 декември против Чонбук Хјундаи. Е кога сето тоа ќе заврши, дури тогаш ќе се концентрирам на светското клупско првенство. Сметам дека сме далеку посилен противник од првакот на Конго, Мазембе, а против аргентинскиот Естудијантес сметам дека ќе одлучуваат нијанси. Искрено, сонувам да играм финале против големата Барселона и да излезам на мегдан на фудбалските велемајстори Меси, Ибрахимовиќ, Чави...

 

 

Како се снајде во корејскиот фудбал и колку ти недостасува Македонија, пред се пријателите? Со кого најмногу се дружиш?

-Ми одговара корејскиот стил на игра, задоволен сум од прикажаните игри, а доказ се трите освоени титули во кои дадов голем придонес (ФА Куп, Лига Куп и ЛШ)  Секако дека ми недостигаат пријателите од Македонија и Србија,  но свесен сум дека фудбалскиот занает е номадски. Овде најмногу се дружам со бразилскиот соиграч Денилсон, а најголема потпора ми се сопругата и ќерката Стефани

 

- Колку квалитативно се разликува корејскиот фудбал од нашиот?

-Корејското првенство е далеку поквалитетно од македонското, а најмногу личи на англискиот стил на игра. Според квалитетот, корејското првенство е во рангот на францускиот шампионат.

 

- Кој ти е најдраг погодок во фудбалската кариера?

-Без конкуренција, најдраг погодок ми е оној за репрезентацијата против Албанија.

- Со оглед дека потекнуваш од скромно семејство, дали и колку се промени твојот живот откако на твоето конто легна првиот „милион"?

 - Вистина е дека потекнувам од скромно, но среќно семејство, и затоа се трудам парите драстично да не ми го променат животот. Не е целата среќа во парите, иако со нив сите работи во животот изгледаат достижни. Поханг е на море и обично летото го минуваме на плажа, а во слободно време крстариме низ цела Јужна Кореја за да ги видиме убавините на оваа прекрасна земја. Јас и сопругата Катерина минуваме убави мигови со нашата тригодишна ќерка, која веќе почна да го говори корејскиот јазик. Живееме во голем апартман, а засега користиме типично корејско возило Самсунг СМ5.

 

Се враќа ли Ристиќ во репрезентацијата или има некој скриен конфликт со Мирсад Јонуз?

-Ова прашање треба да биде наменето за селекторот, а не за мене. Немам никаков конфликт со Јонуз, ниту ќе го имам. Ако се сети на мене, јас секогаш му стојам на располагање.      

 

Ексклузивно: ОЛИВЕР АРСОВСКИ (АБЕРЏИЈА)  

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Што ќе освои сезонава Мурињо





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.0500][44]