“Јастребите“ летаат највисоко на истокот
17/11/2009 13:22

По синоќешните натпревари во НБА, Атланта по продолжението го совалада Портланд и со тоа остана на врвот на истокот. Далас исто по продолженија го совлада Милвоки на гости со кошот на Новитцики со звукото на сирената.


Атланта (9-2) - Портланд (8-4)   99 - 95 по продолжение


5-та победа на “јастребите“ по ред и со тоа сега Атланта изненадувачки е бр.1 на истокот и го дели најдобриот скор во НБА со Феникс. Со оваа победа Атланта им прекина серија од 6 победи на Портланд.


Одлична завршница имаше овој натпревар во регуларниот дел. На 30 сек пред крај најпрво Брендон Ројпогоди за +1 за Портланд. Потоа следуваа серија од 4 поени по ред на Џо Џонсон, за да со звукот на сирената Руди Фернандез погоди тројка за продолжение.


Атланта: Џо Џонсон 35п 9ас, Џош Смит 20п 16с и Ал Хорфорд 15п 10с


Портланд: Руди Фернандез 19п, ЛаМаркус Олдриџ 18п 9с и Брендон Рој 17п 9с


 


Орландо (8-3) - Шарлот (3-7)    97 - 91


“Магичните“ се сега комплетни, во составот се врати после суспензијата се врати Рашард Луис.


Орландо: Џамир Нелсон 16п, Двајт Хауард 14п 11с, Винс Картер 15п и Рајан Андерсон 12п.


Шарлот: Роналд Мареј 31п, Борис Диао 21п и Стивен Џекосн 13п 9с


 


Милвоки (5-3) - Далас (8-3)  113 - 115 по продолжение


Рукито Џенингс кој на минатиот натпревар постигна рекордни 55п, овој пат не беше на ниво од таа вечер, но имаше две големи шанси да им донесе победа на Бакс. Најпрво во регуларниот дел, а потоа и во продолжението, но и во двата обида не погоди тројка. Затоа пак Дирк му покажа како се прави тоа, во продолженито со звукот на сирената погоди за победа на Далас.


Милвоки: Брендон Џенингс 25п, Ерсан Илијасова 19п и Лук Риднауер 17п


Далас: Дирк Новитцки 32п 11с, Дру Гуден 22п 14с, Џејсон Тери 19п и Родриг Бобуа 12п







 







 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0252][25]