Францускиот тенисер Ричард Гаске кој моментално е 23 на АТП ранг листата може да се соочи со двегодишна суспензија од тениските терени доколку и вториот негов примерок од антидопинг контролата земен пред турнирот во Мајами биде позитивен.

На тестирањето пред Мастерсот во Мајами беше позитивен на кокаин, а доколку и вториот примерок покаже ист резултат ќе биде казнет како и Мартина Хингис минатата година.
После тој момент, Швајцарката веднаш ја прекина својата кариера, а што ќе се случи со Французинот останува да видиме.