Руни: Не можам да си замислам да го напуштам Олд Трафорд
13/11/2009 14:31

Најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, ги отфрли шпекулациите за било каков негов трансфер и најави дека сака својата кариера да ја заврши на Олд Трафорд.



“Убаво е да ве спомнуваат во таков контекст, но јас сум пресреќен во Јунајтед и се додека не ми соопштат нешто друго јас не можам да си замислам да заминам оттука.“


“Едноставно го обожавам ова место. Се наоѓам на 30 минути од мојот дом и од мојата фамилија.


“Тука се уште имам шанси за освојување на многу трофеи. Имам уште две години од мојот договор и очекувам во наредните неколку месеци да потпишам нов договор.“ - заврши 24 годишниот Руни.


 


Вејн Руни пристигна на Олд Трафорд пред 5 години од Евертон за тогаш неверојатни 20 милиони фунти кои ги извади до последното пени. Веќе има постигнато 105 голови во дресот на “црвените ѓаволи“.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0271][92]