Капитенот на Рубин си ја крсти ќерката Барселона
11/11/2009 23:12


Рускиот репрезентативец и тоа како бил импресиониран од победата над европскиот првак. Инаку, не би ја крстил ќеркичката Барселона...

Капитенот на Рубин Казан вечно ќе ја памти средбата против шпанска Барселона, која Татарите ја добија со 2:1 и тоа среде Ноу Камп. По ваквата сензација Сергеј Семак одлучи на својата ќерка да и го даде името на славниот каталонски гигант.

Барселона Семакова е името на штотуку родената ќерка на капитенот на тимот на Рубин Казан, Сергеј Семак.

Освоените четири поени од страна на тимот на Рубин, против Барселона ќе останат запаметени за капитенот на рускиот тим и неговата штотуку роденa ќерка.

„Ова е одличен начин да се осигурам дека нема никогаш да ја заборавам таа незаборавна победа. Исто така, тоа е мала почит кон убавиот фудбал што го играат тие“, изјави Семак за Совјетски Спорт. 

Не е невообичаено во Русија да му се дава име на детето по некоја славна личност или настан. Барселона е четврто дете на Семак од својата сегашна сопруга. Другите деца им се викаат Маја, Семјон и Иван


 


Извор: Таратур

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0247][25]