Пронајдено проштално писмо на Енке
11/11/2009 13:30


Значи и официјално полицијата потврди дека Роберт Енке 32 годишниот реперзентативец на Германија се самоубил вечра во 18:25 фрлајќи се под воз во билзина на Нојштад.


Можам да потврдам само дека ова е писмо за збогум и заради почитта спрема мојата фамилија нема да кажам ништо повеќе.“ - гласеше во писмото кое полицијата го пронашла во неговата кола.


Цела Германија е потресена од овој настан. Стотици фанови се собираа околу стадинот на Хановер и канцелариите на клубот оставајќи цвеќиња и свеќи искажувајќи му почит на својот најдобар голман. “Го сакавме многу, тој беше нашиот идол. Ова е голема трагедија за цела Германија.“ - рече еден од фановите.



Германската репрезентација го откажа својот тренинг утринава, а доведено е и под знак прашалник одигрувањето на пријателскиот дуел со Чиле


Енке позади себе ја остави сопругата и 8 месечната ќеркичка која беше посвоена во мај. Сочувство до фамилијата лично искажа и канцеларката Ангела Меркел.


Причината за ова се уште не е позната, но најверојатно е смртта на својата ќеркичка пред три години во октомври. 


Германската фудбалска федерација рече дека наредното коло сите натпревари ќе започнат со едноминутно молчење, а сите играчи ќе носат црни ленти.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0247][24]