Се изненадивте нели. Си викате која глупост. Епа истото си го реков и јас кога синоќа прочитав на tribal football дека Руни доаѓа на Камп Ноу и тоа за 85 милиони фунти.

Ок, знам дека токму овој медиум(исто и News of the world) пласира некои вакви информации, но ме изненади шо скоро сите медиуми ја преземаа оваа информација. Колку можат да видат што е шпекулација без врска или што е шпекулација која држи малку вода или сакаат да не изгубат на читаност заради тоа што некој кога си го пиел утринското кафе му текнало ова, па си рекол ај ќе го напишам, да видам што ќе се случи.
Која е логиката Руни да дојде на камп Ноу!? Искрено, Никоја. Значи станува збор за еден од најголемите клубови во светот т.е според многу испитувања, анкети, најголемиот. И зошто тој најголем клуб да си го продаде својот најдoбар играч, фудбалер кој ги држи сите конци во тимот. Ја има целата слобода во играта и плус на сето тоа е Англичанец и тоа со 24 години. Да, Руни има кажано дека ја обожава Барселона, но сите го имаат кажано тоа.
Да е Манчестер Јунајтед во некоја криза, па да нема пари, не е. Си го продаде Роналдо за 94 милиони евра ова лето, не потроши ниту 1/4 од неговите пари, а ќе го продава уште и Руни за 95 милиони евра. Шокантно нема што.
Друго прашање е што Барселона нема теорија да даде 95 милиони евра за некој играч. На сето ова токму на позицијата на која би требало да игра Руни, на местото на Анри, моментално се преговара за Робињо. Така да и од оваа страна нема никаква логика.
Така да искрено не гледам никаква логика во ова, па ако некој гледа слободно нека ми каже. Ова е поголема глупост дури и од летната шпекулација дека Крауч ќе дојде на Сан Сиро (најголема смешка).
Gringo/sportski.mk