Снајдер : Реал има ѕвезди ама нема тим
08/11/2009 17:20


Весли Снајдер го критикуваше својот поранешен клуб Реал Мадрид, велејќи дека можеби имаат ѕвезди но сеуште не играат како тим.


Можно е да купите многу фудбалери од светска класа, но невозможно е да купите тим.“ - рече Снајдер во интервју за Corriere dello Sport.


“Пред неколку години Челзи купи многу нови квалитетни играчи, но не играа веднаш како тим. Истото му се случи на Интер на почетокот, бидејќи дојдоа 5 нови играчи.“ - рече тој.


Снајдер сеуште не е убеден дека неговото заминување беше присилно.


“Од почеток Реал требаше да продаде, потоа се одлучија да не продаваат, тогаш мислев дека ќе останам, но работите се сменија во последните две недели. Сега сум многу среќен што играм во клуб како Интер.“ - рече холанѓанецот.


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0257][24]