Натпреварите на Манчестер Јунајтед најпосетувани
08/11/2009 03:31

Англискиот шампион Манчестер Јунајтед беше најгледаниот европски тим во минатата сезона со просек од 75.304 гледачи. Прочитајте кои се Топ 50 клубови во Европа по посетеност. 


Според истражувањето кое го спроведоа аналитичарите од Futebol Finance, Црвените ѓаволи скоро на секој натпревар имале полн стадион чиј капацитет е 76.212 гледачи. 



Вториот најгледан тим на Стариот континент е Бундеслигашот Борусија Дортмунд со 74.748 гледачи. Борусија е фудбалски феномен, бидејќи без оглед на постигнатите резултати, стадионот Сигнал Идуна парк, или порано Вестфален е речиси секогаш полн (капацитет 80.552). 

Третата позиција ја држи европскиот шампионБарселона со просек од 71.045, додека четвртатаРеал Мадрид со просек од 70.816 гледачи. Кралскиот клуб сезоната претходно беше најгледан европски тим, но лошата сезона без трофеј влијаеше на падот на гледаност. Со оглед на тоа што летово Реал ги купи Кристијано Роналдо и Кака, можно е пак да се вратат на врвот. 

Најгледан италијански клуб е Милан на осмото место со просек од 59.757 гледачи, додека најмногу гледачи во Le Championnat има Марсеј, во просек, неговите натпревари на Велодром ги следат 52.162 гледачи. 

Од клубовите кои не доаѓаат од Топ 5 лигите најдобра посета има шкотски Селтик на деветтото место (57.366), а холандски Ајакс, во просек го следат по 49.014 гледачи. 

Меѓу 50 најледани тимови, најмногу има англиски и германски (по 13), по шест доаѓаат од Шпанија и Италија, четири се француски, три холандски, по два шкотски и португалски и еден турски клуб, Фенербахче. 


Топ 50: 

1. Манчестер Јунајтед - 75,304 
2. Борусија Дортмунд - 74,748 
3. Барселона - 71,045 
4. Реал Мадрид - 70,816 
5. Баерн - 69,000 
6. Шалке - 61,442 
7. Арсенал - 60,040 
8. Милано - 59,757 
9. Селтик - 57,366 
10. Хамбург - 54,811 
11 Херта - 52,165 
12 Марсеј - 52,162 
13 Интер - 55,520 
14. Штутгарт - 51,700 
15. Келн - 50,222 
16. Ренџерс - 49,534 
17. Ајакс - 49,014 
18. Њукасл - 48,750 
19. Борусија М - 47,240 
20. Ајнтрахт - 47,000 
21. Атлетико Мадрид - 44,082 
22. Феенорд - 43,956 
23. Ливерпул - 43,611 
24. Манчестер Сити - 42,903 
25. Хановер - 41,919 
26. Севиља - 41,910 
27. Челзи - 41,588 
28. ПСЖ - 40,902 
29. Вердер - 40,375 
30. Наполи - 40,303 
31. Сандерленд - 40,168 
32. Астон Вила - 39,812 
33. Рома - 39,492 
34. Порто - 38,762 
35. Бетис - 37,553 
36. Лион - 37,397 
37. Тотенхем - 35,929 
38. Атлетик Билбао - 35,737 
39. Бенфика - 35,698 
40. Лацио - 35,401 
41. Валенсија - 34,789 
42. Евертон - 34,021 
43. Вест Хем - 33,700 
44. ПСВ - 33,371 
45. Баер Леверкузен - 33,079 
46. Фенербахче - 33,030 
47. Фиорентина - 31,509 
48. Хофенхајм - 30,152 
49. Мидлсборо - 28,429 
50. Сент Етјен - 28,168


 


извор: Таратур

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0369][109]