8 години по ред има 17 години
05/11/2009 23:45

Светското првенство за играчи до 17 години се одржува деновиве во Нигерија – а главна вест која ја бранува домашната јавност е дека нивниот клучен играч и пред осум години настапувал за истата селекција. 




Поранешниот нигериски репрезентативец Адокије Амиесимака изјави дека капитенот на тамошната У-17 селекција, Фортјун Чуквуди, најмалку седум-осум години е постар отколку што се претставува.

Амиесимака во сезоната 2002/2003 беше тренер на Шаркс Порт Јаркоут, а негова задача беше да изгради млад тим, со 18-годишници. Еден од нив бил и Чуквуди - што значи дека денес би требало да има околу 25 години! 


              

ФИФА уште од порано заради вакви сомневања за возраста (особено во африканските селекции), воведе тест на магнетна резонанца, а пред првенството нa петнаесет играчи на Нигерија им беше забранет настап заради несоодветна возраст.

Меѓутоа, спорниот Чуквуди го помина тестот, што дополнително ја закомплицира приказната. Но, се појавија и други луѓе кои потврдуваат дека сегашниот капитен на нигерискиот У 17-тим пред седум-осум години исто така настапувал во истата селекција во која игра и денес.


 


извор: таратур


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0350][86]