Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, повторно ги критикуваше англиските клубови поради нивните долгови, но им порача дека во иднина секој клуб ќе троши онолку колку што ќе заработува.

“Имаме три години за да ги регулираме овие работи. Мојата цел не е да ги уништам клубовите туку да ги балансирам. Филозофијата за да учествувате во нашите натпреварувања ќе биде да не трошите повеќе пари отколку што сте земале.“
“Ако Манчестер јуанјтед има 300 милиони евра и троши 400 милиони тогаш ние сме против тоа. Ливерпул секоја година плаќа 60 милиони евра како кредити на баката. Тоа е огромна сума на пари.“
“Сите сопственици ме прашаа за подобро решение. Колку за пример, во Германија долговите се неприфатливи, но во Англија тие се. Сопствениците на клубовите се согласуваат на новата филозофија, но директорите на клубовите се против тоа.“ - рече Платини.