Бостон, Орландо, Мајами и Денвер се уште не знаат за пораз
02/11/2009 10:54

Од синоќешните натпревари дури 4 екипи си ја продолжија серијата без пораз. Станува збор за Бостон, Орландо, Феникс, Мајами и Денвер.


 


Л.А.Лејкерс (2:1) - Атланта (2:1)   118 - 110


Лејкерс после поразот од Далас дома се освестија и со одличната серија од 18:0 во третата четвртина и го нанесоа на Атланта првиот пораз сезонава. Во тој дел од натпреварот од 74:70 стигнаа до 92:70 со што и го решија всушност натпреварот. Коби и Бајнам имаа по 6п во тој период. 4-ти пораз во серија на “јастребите“ на гостувањето во Стејплс.


Л.А.Лејкерс: Коби Брајант 41п 8с, Бајнам 21п, Ламар Одом 11п 14с 8ас и Рон Артест 12п


Атланта: Џо Џонсон 27п 9с, Џемал Крафорд 17п и Мајк Биби 15п


 


Бостон (4:0) - Њу Орлеанс (1:2)   97 - 87


“Детелинките“ ја забележаа и 4-та победа во серија и со тоа моментално се најуспешната екипа во НБА. Во сите 4 дуели тие го задржаа својот противник под 90 поени. “Стршлените“ никако да ја најдат формата од пред две сезони кога го имаа вториот најдобар скор на западот. Одличниот шут на Бостон беше причината за победата, Селтикс шутираа со 54% наспроти 42% на Хорнетс. И 4-ти натпревар по ред Раџон Рондо има 10 или повеќе асистенции.


Бостон: Пол Пирс 27п, Реј Ален 17п, Кевин Гарнет 14п и Рашид Волас 12п


Њу Орлеанс: Крис Пол 22п 8ас и Пеѓа Стојаковиќ 26п


 


Мајами (3:0) - Чикаго (1:2) 95 - 87


“Жешките“ продолжуваат со победите сезонава. 3-та по ред. Повторно Вејд беше лидерот на тимот, но овој пат наместо со поените со асистенциите. Во клучните моменти Двејн наместо да оди сам додаваше, а Квентин Ричардсон најпрво со тројка и потоа Удонис Хаслем со шут од крило не им дозволија на “биковите“ да внесат поголема незивесност во натпреварот и да се обидат барем да стигнат до продолжение. Сепак клучот за победата беше солидното издание на резервите на “жешките“. Новиот плеј во тимот Карлос Аројо имаше одлично издание, исто како и Хаслем.  


Со заминувањето на Бен Гордон Луол Денг ја презеде лидерската позиција кај Чикаго и ова му беше 3-ти дуел едно по друго со над 20 поени. Кај Мајами Вејд стана 43-от активен играч кој стигнал до бројката 10 000 поени. Ова е најдобриот старт за Мајами ист како оној кога станаа шампиони во 2004/05.


Мајами: Вејд 25п, Удонис Хаслем 19п и Аројо 12п


Чикаго: Лоул Денг 26п 8с, Џон Селмонс 17п и Бред Милер 11п


 







Торонто (1:2) - Орландо (3:0)   116 - 125


И Орландо останува еден од непоразените тимовои на стартот од новата сезона, 3-та победа по ред. Ер Канада поради повредата заработена на претходниот натпревар не настапи на овој меч. “магичните“ експлодираа со своето најсилно оружје од претходите сезони, тројките. На овој натпревар реализираа 17 тројки со преку 53% шут. Гостите во третата четвртина имаа серија од 11:0 за да стигнат до највисокото водство на натпреварот од +22 (54-32). 


Рептилите го продолжија рекордот во последувателни постигнати тројки на 863 натпревари. Бош имаше уште една неверојатна вечер.


Торонто: Крис Бош 35п 16с, Андреа Барњани 26п и Хедо Туркоглу 19п


Орландо: Џамир Нелсон 30п, Двајт хауард 24п 11с, Џеј-Џеј Ридик 27п и Рајан Андерсон 20п


 


Денвер (3:0) - Мемфис (1:2)   133 - 122


Мело продолжува со фантастичниот старт. Моментално е лидер според бројот на постигнати поени, во порсек по 37.6 во 3 натпревари во кои неговиот тим забележа исто толку победи.


Клучната разлика Нагетс ја направија во 3-та четвртина кога од стартот па се до средината на четвртината ги погодија сите 10 шутеви и со тоа стигнаа на +10, разлика која подоцна ја одржаваа.


Денвер: Кармело Ентони 42п, Чонси Билапс 22п 12ас, Нене 18п и Кенјон Мартин 16п


Мемфис: О-Џеј Мејо 40п, Марк Гасол 20п 11с и Руди Геј 18п


 


Феникс (3:0) - Минесота (1:2)   120 - 112


И трета победа по ред на “сонцата“ на стартот на сезонава. Чанинг Фраје имаше уте една одлична вечер и сега за сега Амари е во негова сенка. 


Феникс: Фраје 25п, Грент Хил 23п 10с, Џејсон Ричардсон 23п, Амари Стадемаер 19п и Стив Неш 14п 14ас


Минесота: Рајан Гомес 23п 15с, Кори Бруер 19п и Ал Џеферсон 21п


 


Оклахома (2:1) - Портланд (2:2)   74 - 83


Оклахома: Расел Вестбрук 23п, Џеф Грин 19п 11с и Кевин Дурант 16п


Портланд: Стиви Блејк 18п, Брендон Рој 16п, Грег оден 12п 10с и Тревис Аутлоу 12п











Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0263][21]