Шоу на Ентони во последната четвртина за победа на Денвер во Портланд
30/10/2009 12:27

Денес во НБА само два дуела по една победда на домаќините и гостите. Чикаго на домашен терен го победи фаворизираниот Сан Антонио, а со одличното издание на Кармело, Денвер славеше во Портланд...


 


Чикаго - Сан Антонио   92 - 85


Ова беше првиот натпревар за “биковите“ во оваа сезона и со оваа победа прекинаа една лоша серија која кажуваше дека немаа победа со Спарс од јануари 2007-та. Клучната разлика домаќините ја направија во третата четвртина кога од 52-51 за Спарс преминаа во водство од 65-56. До крај ја одржуваа таа предност. Дури 6 играчи имаа двоцифрен учинок кај Чикаго каде после повредата поради која ги пропушти подготовките се врати Дерек Роус.


Чикаго: Луол Денг 17п 9с, Кирк Хајнрих 14п, Дерек Роус 13п 7с 7ас, Тајрус Томас 13п


Сан Антонио: Тим Данкан 28п 16с и Ману Џинобили 12п


 


Портланд - Денвер   94 - 97


Денвер ја забележа и својата втора победа оваа сезона. Одлична вечер имаше Кармело Ентони кој реализираше 41п од кои дури 19 во последната четвртина. Денвер за прв пат после втората четвтртина поведе со 87-85 во последниот период.


Натпреварот влезе во интересна завршница. Грег Оден промаши две слободни на 5 секунди до крај. Ентони ги погоди и двете слободни на спротивната страна. Во последната секунда Брендон Рој имаше шут за продолжение, но шутираше многу непрецизно и Нагетс победија втор пат под сезонава.


Портланд: Брендон Рој 30п, Руди Фернандез 22п и Мател Вебстер 10п


Денвер: Кармело 41п и Чонси Билапс 22п


 







 






Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0373][81]