Надал стар-нов победник во Монте Карло
19/04/2009 18:53

Рафаел Надал стана првиот играч со пет титули по ред на Мастерсот во Монте Карло. Ова му успеа откако денеска го совлада Србинот Новак Џоковиџ со 2-1 по сетови или 6-3, 2-6, 6-1.


Рафа го изгуби својот прв сет на Монте Карло за прв пат после 2006год. Федерер беше последниот кој му одзема сет на Шпанецот.


Надал губеше со 3-1 во првиот сет, но успеа да освои 5 гема по ред и да го добие првопт сет во своја корист. Во последниот сет се бореше со својот лош сервис. Дури три пат сепасуваше брејк топки за Ноле, за на крај во да го освои турнирот со својата прва меч топка. Србинот со бекхенд удар ја погоди мрежата и не успеа да внесе уште малку неизвесност во  натпреварот.


                


На земја Надал бил поразен во мај на Мастерсот во Рим кога во второто коло изгуби од земјакот Хуан Карлос Фереро.


После натпреварот изјави: "Пет години да победуваш тука е исполнување на сонот. Не се секирајте се гледаме и наредната година."


Клучниот момент беше првиот гем од третиот сет. После одличниот втор сет Џоковиџ пропушти три брејк топки во првиот гем и тука падна моралот на Ноле и потоа Надал само го доуништи.

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0955][55]