Започна 64-та сезона во НБА лигата. Шампионите од ланската сезона Л.А.Лејкерс забележаа победа на домашен терен со градскиот ривал Клиперс, додека во дербито Бостон му го расипа дебито на Шек во Кливленд.
Кливленд - Бостон 89 - 95
Во дербито на источната конференција шампионот од 2008-та му го расипа дебито на Шекил О'Нил во Квикен Лоан Арената во Кливленд.
Домаќините иако стартуваа фуриозно во првата четвртина, направија предност и од +14 (21-7), сепак со серијата на тројки на Бостон, гостите дури на крајот од полувремето усеаа и да го свртат резултатот во своја корист. Во третата четвртина Селтикс започнаа со серија од 9-0 и со тоа зголемија на 62-47. ЛеБрон со неколку шутеви од далечина и за него препознатливи влезови успеа да намали до 83-79 на 4 минути до крајот на последната четвртина, но Пол Пирс исто како и во ланската сезона ја презема одговорноста во тие моменти и не промаши. 10 од последните 12п на гостите беа од него. Во клучните моменти токму Шекил направи две грешки, загуби топка и промаши две слободни.

Рондо одигра одличен натпревар и заедно со Пол Пирс може беа најзаслужните за победата. Шекил имаше добар старт, но се изгуби во останатите три четвртини. Премногу широко играат Кавс за тој да си ја игра неговата игра.
Прва победа на Бостон во Кливленд после сезоната 2004/05. Ако се сеќавате лани Кливленд имаа 39-2 на домашен терен и 34 стартни победи по ред, а сега веќе после еден одигран меч имаат еден пораз.
Кливленд: ЛеБрон Џејмс 38п, Мо Вилијамс 12п и Шекил О'Нил 10п 10с
Бостон: Пол Пирс 23п 11с, Реј Ален 16п, Кевин Гарнет 13п 10с и Шид Валас 12п
Вашингтон - Далас 102 - 91
После пауза од скоро цели две сезони Гилберт Аринас се врати во редовите на “волшебниците“ и одигра одличен натпревар со што го предводеше својот тим до првата победа во премиерниот натпревар и тоа против екипа од западот.
Домаќините клучната предност ја направија пред крајот на првото полувреме, кога за прв пат и една екипа се одлепи на +10. Тогаш Вашингтон имаше серија од 11-1 за да поведе со 56-44, Аринас постигна 7п во таа серија.
Во двата тима недостасуваше по една ѕвезда, кај Далас не играше Џош Хауард кој ќе недостасува уште две недели, а кај Вашингтон Ентоан Џејмисон е повреден и најверојатно ќе ги пропушти првите 10 дуели за својот тим.
Вашингтон: Аринас 29п 9ас, Андреј Блачи 20п, Ренди Фоје 19п и Керон Батлер 16п
Далас: Дирк Новитцки 34п и Шон Мерион 16п
Л.А.Лејкерс - Л.А.Клиперс 99 - 92
Бранителите на прстенот од ланската сезона стартуваа со победа во новата сезона и тоа во дуелот со градскиот ривал.
Домаќините работата си ја завршија во последната четвртина кога во цели 6 и пол минути Клиперс имаа само еден единствен погоден шут и од само -2п разлика отидоа на -15 (79-94), што беше недостижно да се надополни за преостанатите 3 минути игра.
Пол Гасон поради повреда го пропушти овој дуел, Рон Артест имаше деби во дресот на “езерџиите“, додека кај Клиперс недостасуваше пикот бр.1 Блек Грифин кој ќе биде надвор од терените околу 6-7 недели. Бајрон Дејвис имаше очаен настап, само 2п (1-10).
Лејкерс: Коби Брајант 33п, Ендју Бајнам 26п 13с и Одом 16п 13с
Клиперс: Ерик Гордон 21п, Крис Кејман 18п 16с и Кемби 14п
Портланд - Хјустон 96 - 87
Во репризата од минаатогодишната прва рунда во плеј-офот, овој пат Блејзерс им се реваншираа на “ракетите“ за елиминацијата од 4:2.
Натпреварот беше решен уште третата четвртина кога домаќините направија предност од +19 (67-49). Сепак без Јао Минг и Ти-Мек толку можеше да направи Хјустон. “Ракетите“ ќе бидат без МекГрејди до полу сезона, а Кинезот ќе ја пропушти најверојатно цела сезона.
Портланд: Тревис Аутлоу 23п, Брендон Рој 20п и Мартел Вебстер 14п
Хјустон: Арон Брукс 19п и Тревор Ариза 13п