Познат е и вториот финалист во купот на УЕФА. Тимот на Вердер ќе му прави друштво на Шахтјор во Истанбул на 20-ти мај.
На Норт Банк Арената во Хамбург се одигра доста динамичен и убав за око фудбал. Натпревар со многу силно темпо, одлични индивидуални потези, добри одбрани на голманите, незивесност до самиот крај.
Во таков натпревар Вердер беа посреќни т.е Хамбург беа малерозни. На крај испадна дека она подрипнување на топката поради едно пластично шише и корнерот потоа по кој Вердер и го даде 3-от гол да биде решавачки. Едноставно некоја виша сила го сакаше тоа.
Но натпреварот започна лошо за тимот од Бремен. Олиќ уште во 11-та минута им носи 1-0 на Хамбургер и со 1-0 од првиот дуел се мислеше дека се е готово. И така и изгледаше на теренот. Хамбургер доминираше.
Така беше се до 29-та минута, кога Диего со еден прекрасен удар им донесе израмнување и ги врати надежите дека можат да ја спасат сезоната и да играат во финалето во Истанбул. Потоа Вердер како да добија крила и тоа беше сосема друга екипа на теренот.
Диего имаше одличен удар од околу 20тина метри, но Рост со добра парада и со малку среќа(удри во пречката) не дозволи готите да се радуваат. Минута подоцна и Јансен имаше шанса за Хамбург, но одбрани Висе.
Второто полувреме беше далеку поинтересно. Натпреварот се отвори уште толку. И двете екипи играа за гол повеќе. Првата закана ја имаа домаќините, Јансен продре по левата страна, нафрли по земја на петерец, стаса топката до Троковски шутираше малку од десно и Висе уште еднаш добро интервенираше.
66-та минута и 2-1 за Вердер. Бомба на Клаудио Пизаро од 22-23 метри. Рост ја имаше топката, но поради силината на ударот заврши во мрежата.
Уште две стопостотни шанси понатаму, по една на двете страни. Најпрво Алекс Силва силен шут од 25 метри, а Висе со крајни напори одбрани. Во 75мин, Пизаро направи вистински слалом во шеснаестникот на Хамбург, испадна еден на еден со Рост, а голманот на домаќините беше поуспешен.
За 83-та мин кажавме погоре, од една безопасна ситуација, од ништо испадна корнер, по кој Бауман со глава зголеми на 3-1.
Домаќините веднаш се вратија во игра, Боатенг убаво нафрли од десната страна, Олиќ со глава во аголот и 2-3. Уште еден гол и ќе има и финале за тимот на мартин Јол. Најубавата шанса до крај ја имаше Петрич во 91мин кога со ножечки шутираше непрецизно.
Вердер-Шахтјор на 20-ти мај во Истанбул е финалето на купот на УЕФА. И двете екипи дојдоа преку Лигата на шампионите.