Најдобрите трансфери оваа сезона
26/10/2009 12:38

Пред некој ден ви ги прикажавме најлошите трансфери кои беа направени ова лето, до овој период. Сега истото ќе го сториме и со најдобрите трансфери за овој период од 3 месеци. Уште е рано и навистина беше тешко да се одберат вистинските 5 играчи. Но еве го нашиот избор.


 


5. Даниеле Манини (Сампдорија) - Играчот за врска на Сампдорија си заслужи место во оваа петорка. Ако ништо бар на стартот се покажа како одлично засилување. Дојде при размената на Сампдорија и Наполи ова лето. Капањаро и Зулунга се преселија во Неапол, а тој дојде на Мараси. Заедно си Антонио Касано е најзаслужен за фантастичниот старт на Сампдорија. И двајцата му местат на Пацини, а овој постигнува голови, но и самиот Манини прилично ги тресеше противничките мрежи. Досега има постигнато 5 гола и меѓу топ стрелците во Италија т.е единствен играч за врска меѓу нив. Има и дополнителни три асистенции.


4. Златан Ибрахимовиќ (Барселона, 65 милиони евра) - Никој не очекуваше на почеток дека овој трансфер ќе се оствари, а после и кога се случи повеќето од фановите на Барселона беа скептици дека Швеѓанецот има квалитети колку што е проценет, но факт е дека тој полека се вклупува во Барселона и нема да биде и чудно до карј на сезоната или веќе наредната да прерасне во лидер на Каталонците. Им го дава она што им требаше претходно, реализцаија на многуте шанси и цврстина во нападот, опасност од воздушните дуели, но и многу креативност во нападот. Најдоброто од него допрва следува, се уште не емаксимално навикнат на играта на Барселона. Досега 7 голови и 5 асистенции во Примера.


3. Зе Роберто (Хамбург, 4 милиони евра) - Одлична инвестиција на управата на Хамбургер. Донесоа играч на кој се надеваа дека ќе биде поддршка за младите таленти во тимот, но тој после стартните 10 кола се издвои во лидер на тимот. 35 годишниот Бразилец кого Баерн го шитна како испукана пушка сега ужива може во своите најдобри моменти во кариерата. Хамбург го дели лидерското место со Шалке во Германија и се уште не знае за пораз. Зе Роберто досега постигна 4 гола во лигата.


2. Дарен Бент (Сандерленд, 12 милиони фунти) - Најскапиот трансфер во историјата на "црните мачки" покажа зошто претходните неколку години додека беше во Тотенхем иако не играше, беше повикуван за Англија. Сандерленд ужива во одличниот старт сезонава, а најзаслужен за тоа е токму Бент кој постигна фантастични 8 гола во 10 натпревари, при тоа не смее да се заборави фактот дека по еден гол им даде и на Ливерпул, Челзи и Манчестер Јунајтед. За такво нешто сонуваат дури 99.9% од сите напаѓачи во светот.


1. Томас Вермаелен (Арсенал, 10 милиони фунти) - Исто многумина се запрашуваа во неговите квалитети. Зошто се продаде Коло Туре, но после доаѓањето на Вермаелен, Туре веќе е минато и никој не ни се сеќава на него. Белгијанецот дури им ги разнежни срцата на фановите на "топџиите" со неколку многу важни голови, како во првенството така во ЛШ. Има одличен удар со левата нога, но одличен и е во скок играта, а при тоа знае и да повлече во напад. Уште еден погодок од Арсен Венгер, барем за сега, по 3 месеци игра.


 


Уште многу фудбалери се на листата чии игри се следат, но се чека да се опорават и да продолжат во ритамот во кој започнаа или одиграа добро, но можат уште многу подобро. Или пак играле со многу осцилации во играта, па треба да одиграат константно добро. Тука спаѓаат: Снајдер, Диего Милито, Самуел Ето, Кристијано Роналдо, Арјен Робен, Диего, Кака, Себастијан Басонг, Абате, Лисандро Лопез, Адебајор итн. Сепак ова е само почеток, а ѕвездените засилувања се покажуваат на крај во решавачките моменти.   


 


gringo/sportski.mk   

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0334][40]