Шахтјор во финале на купот на УЕФА
07/05/2009 20:57

Во реваншот од Украинскиот дуел, Шахтјор оди во финалето на купот на Уефа.


Одличен натпревар се одигра во Донетск. Отворен без многу калкулирање. Многу шанси имаа и едните и другите.


На стартот уште во 5мин се заканија гостите Бангура имаше добра прилика, но лошо шутираше од 10-11 метри.


Потоа на сцена стапија домаќините, Фабијано имаше одлична шанса преку волеј од средината на шеснаесетникот, но за малку на голот.


Водството за Шахтјор дојде во 17мин. по едно нафрлање на петерецот на Динамо, лошо реагираше Бетао, топката се одби до Жадсон и овој неодбранливо од пеналтикот за 1-0.


После голот Динамо се закануваше само при прекините, во еден таков прекин дури и постигнаа гол преку Вукојевиќ, но поради офсајд беше поништен.


Стартот на второто полувреме беше среќен за Киевчани. Одлична комбинација, Милевски-Алиев-Бангура и овој последниов рутинирано реализираше за 1-1, 47 мин.


 


Потоа играше само една екипа. Шахтјор вршеше константно притисок. Жадсон, Фернандињо и Илсињо беа голема опасност кон голот на Бохуш.


При еден таков напад Илсињо најдобро се снајде во шеснаестникот на Динамо, помина двајца одбрамбени играчи и во 88 мин го постави конечниот резултат со што им донесе историски успех на Шахтјор. Прво финале за тимот од Донестск во било кое европско натпреварување.

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0804][52]