Најлошите трансфери оваа сезона
23/10/2009 02:10

Во текот на целата сезона ќе ги следиме сите фудбалери кои ја сменија средината ова лето и отприлика на овој временски интервал од околу 2 и пол месеца ќе правиме листа на најдобри и најлоши 10 трансфери за оваа сезона. Ќе започнеме со само 6 бидејќи е се уште почеток и многу фудбалери и не ја допреле топката како што треба, па и не може да се оценат.


 


Започнуваме со најлошите трансфери:


6. Павел Погребњак (Штутгарт, 5 милиони евра): Може поради неговата вредност и не заслужува да биде тука, имаше и многу поголеми промашувања, но според неговите игри заслужува и место многу погоре. Во 9-те натпревари колку ги одигра за Швабите постигна само два гола, а неговиот тим кој што лани се бореше за титулата сега е во зоната за испаѓање. Неговата цена беше само 5 милиони бидејќи договорот му истекуваше за пола година, па Зенит мораше да попушти, неговата плата е на ниво.


5. Фабио Кваљарела (Наполи, 16 милиони евра): Дефинитивно уште се нема покажано во Наполи. Се очекуваше тој да биде лидер во нападот на тимот од Сао Паоло,  но сега за сега ништо од сето тоа што се највауваше на стартот од првенството. Требаше заедно со Лавеци да бидат најубиствениот тандем во Италија. Наполи е на средината на табелата т.е на 14-то место, а се очекуваше да се бори за ЛШ. Досега италијанскиот репрезентативец има постигнато 3 гола во 9 натпревари.


4. Карим Бензема (Реал Мадрид, 41 милиони евра): Бензема се мачи во Реал. Се очекуваше да биде човекот кој ќе го користи присуството на Кака и Роналдо и ќе ги полни мрежите на противничките екипи, но Французинот сега за сега е далеку од својата форма во Лион. Дури нема ни стандардно место во нападот, Пелегрини го ротира. Може има 3 гола во 7 натпревари, но за 41(35) милиони евра потрошени и со таква поддршка позади вас ќе требаше да има барем 5-6 гола и немаше да плаче цело време дека Пелегрини не му дава вистинска шанса.


3. Нилмар да Силва (Виљареал, 15 милиони евра): Се повторува истата судбина за Бразилецот. Пред некоја сезона беше донесен како големо засилување во Лион, но не се снајде најдобро и се врати во Интернасионал каде одигра фантастични две сезони. Повторно се врати во Европа овојпат во првенство кое е блиско до неговиот стил, но повторно истата приказна. Досега нема постигнато ниту еден гол, а Виљареал се наоѓа на фенерџиското место во Шпанија. 


2. Марио Гомез (Баерн Минхен, 30 милони евра): Уште на почеток беше многу сомнителен овој трансфер, 30 милиони евра за лани најдобриот стралец на Штутгарт. Искрено за мене уште кога го купија си го ставив во листата за најголеми промашувања на сезоната и мислам дека до крај нема да го тргнам. За тие пари можевте да купите најмалку двајца поквалитетни напаѓачи од него, Подолски да останеше ќе изиграше 3 пати подобро од него. Досега има постигнато 3 гола за Баерн во 9-те мечеви одиграни за Баварците и освен тоа нема никаков друг придонес во играта. На сето тоа младиот Милер му го зема местото.


1. Хунтелар (Милан, 15 милиони евра): Дефинитивно ова е досега промашувањето бр.1. Го купија како огромно засилување, дадоа 15 милиони евра за него и дреме на клупа. Инзаги добива шанса пред него и што е најбитно ја користи. Очигледно е дека Хунти функционира само ако има две крила да му работат за него. Затоа и си замина од Реал Мадрид. Типот е голгетер, но не му одговара играта на Росонерите и многу подобро ќе биде за него во јануари да си замине, зошто ако не го стори тоа тогаш ќе го стори во јуни и тоа под притисок на управата. Уште го сонува првиот гол за тимот од Сан Сиро.


 


П.С. Листата ќе беше многу поширока, но не беа земани во предвид играчите кои подолго време беа повредени и не можевме да ги видиме како ќе се снајдат во новите средини. Тоа не значи дека до крај и нема да се најдат во промашувања, играле или не клубот платил за нив пари и изгубил “квалитетен“ играч за цела сезона. Тука спаѓаат: Алберто Аквилани, Стујарт Даунинг, Јури Жирков, Роке Санта Круз, Арјен Робен, Чигрински...


 


gringo/sportski.mk

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0928][53]