Батон е новиот шампион во Ф1
18/10/2009 20:37

Британецот Џенсон Батон, на една трка до крајот веќе направи недостижни 15п предност пред Фетел и со тоа си ја осигура својата прва титула во кариерата како возач на Ф1. Исто и Brown GP ја освои и титулата во конструктори во нивната деби сезона.



Батон иако стартуваше од 14-та позиција сепак со неколку одлични претекнувања во почетните кругови и со добрата тактика успеа да стигне до 5-то место со што освои 4п кои му беа доволни за титулата, бидејќи Баричело кој имаше најголеми шанси да го загрози заврши на 8-та позиција.


Клучно за титулата на Батон е стартот на сезоната во кој Британецот имаше 7 подиуми од кои дури 6 победи. На толку победи остана и до крај, но освен на белгиското Гран При, на сите останати освојуваше минимум 1 поен.


На Интерлагос Баричело имаше пол-позиција и ако победеше ќе ја направеше последната трка далеку поинтересна бидејќи ќе ја намалеше разликата на само 5п, но Бразилецот имаше проблеми со болидот на 8 круга пред крајот и мораше да се задоволи со само еден бод и си ја доведе во прашање вицешампионската титула, бидејќи Фетел сега е два поени пред него.


На крај Австралиецот Марк Вебер се радуваше на победата, Кубица заврши како второ пласиран, а Хамилтон го освои 3-то место.


Табела:
























































1 Jenson Button 89
2 Sebastian Vettel 74
3 Rubens Barrichello 72
4 Mark Webber 61.5
5 Lewis Hamilton 49
6 Kimi Raikkonen 48
7 Nico Rosberg 34.5
8 Jarno Trulli 30.5
9 Fernando Alonso 26
10 Timo Glock 24


 


Резултати од трката во Бразил:



 1.  Webber        Red Bull-Renault      (B)  1h32:23.081
2. Kubica BMW Sauber (B) + 7.626
3. Hamilton McLaren-Mercedes (B) + 18.944
4. Vettel Red Bull-Renault (B) + 19.652
5. Button Brawn-Mercedes (B) + 29.005
6. Raikkonen Ferrari (B) + 33.340
7. Buemi Toro Rosso-Ferrari (B) + 35.991
8. Barrichello Brawn-Mercedes (B) + 45.454
9. Kovalainen McLaren-Mercedes (B) + 48.499
10. Kobayashi Toyota (B) + 1:03.324
11. Fisichella Ferrari (B) + 1:10.665
12. Liuzzi Force India-Mercedes (B) + 1:11.388
13. Grosjean Renault (B) + 1 lap
14. Alguersuari Toro Rosso-Ferrari (B) + 1 lap

 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0262][39]