Еден од најлутите ривали на Марадона, Пеле, е среќен што Аргентина обезбеди настап на СП и според него Мундијалот ќе биде далеку поинтересен и поквалитетен со “Гаучосите“.

“Навистина ми е драго поради тоа што Марадона и Аргентина се пласираа на Светското првенство. Тие се моите пријатели и никогаш не сум ни имал нешто против нив.“
“Светско првенство со и без Аргентина не е исто, а тоа го говорев и пред дуелот со Уругвај. Сите оние кои го сакаат фудбалот ќе бидат среќни што што “Гаучосите“ обезбедија настап во Јужна Африка.“ - кажа Пеле кој скоро секогаш е на мета на Марадона поради тоа што беше прогласен фудбалер на столетието.