Шева: На 22 години можев да играм за Барселона или Манчестер Јунајтед
13/10/2009 02:05


Најдобриот фудбалер на Украина, Андреј Шевченко, открива дека во моментите кога се одлучил да премине во Милан, можел да бира и меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона.


Имав можност да заминам во Барселона и Манчестер Јунајтед кога имав 22 години. Сепак го одбрав Милан и освоив се што можеше да се освои, вклучувајќи ја и ЛШ, а исто и ја освоив “Златната топка“, многу сум задоволен од мојата кариера.“


Моите најдобри години поминаа и сега знам дека беше време да се вратам во Динамо. Сега сум многу среќен и само сакам да играм фудбал.“


“Ништо не трае вечно. Моментално сум 33 години и не знам колку долго ќе можам да бидам кондиционо спремен. Сепак во последните години од мојата кариера сакам да бидам во клубот каде и ја започнав оваа одисеја.“


“Можев да одберам 5-6 други европски клубови, но не размислував серозно за тие опции. Динамо - Милан - Челзи - Динамо е во секој случај добра кариера.“ - заврши Шева кој со својата репрезентација ќе има можност преку бараж да дојде и до СП во Јужна Африка.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0446][81]