
Доколку се остварат тврдењата на првиот човек на анти-корупциската комисија на УЕФА, во Ноември ќе биде откриен најголемиот скандал во фудбалот во Европа.
Управните тела на УЕФА откриле неправилности во околу 40 натпревари од Лигата на Шампионите, Купот и Лигата на УЕФА, како и во националните првенства.
УЕФА има цврсти докази за местење натпревари во Европските купови, а претседателот на анти-корупциската комисија на асоцијацијата, Карл Донт рече дека во се е замешан еден белгиски тим, кој не сакаше да го открие.
Тој само потврди дека кога сето ова ќе се заврши, тоа ќе биде најголемиот фудбалски скандал на сите времиња.
Исто така се очекува и УЕФА да превземе строги мерки против сите тимови и играчи кои се вкллучени во овој скандал.
Во тие 40 натпревари се и оние на Милано со Славен во квалификациите од Европа лигата.
извор: таратур