На повидок скандал со местење од Европа лигата!?
09/10/2009 13:45


Управата на романскиот вицешампион Темишвар покрена истрага откако капитенот на нивната екипа Дан Алексa изјави дека преставници од Динамо Загреб му нуделе 500 000 евра за да направи пенал


Ова го потврди и претседателот на клубот Јанчу во емисијата “Фанатик“. Наводно посредник во сето ова бил Сорин Алтмејер кој е поранешен судија под палката на УЕФА.


Во тој натпревар Хрватите победија со убедливи 3:0 на гостински терен во Романија и сега се покренува прашањето дали е можно и некој од останатите фудбалери да добил ваков непристоен предлог. Тогаш Динамо едноставно прелесно го доби тој дуел.


Јавна тајна е дека Европа лигата или претходно УЕФА купот е најголема перална на пари на УЕФА. 


 


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0381][86]