Тимот на Л.А.Галакси се надева дека во наредните две недели ќе се договорат со Милан за тоа кога Бекам ќе треба да се врати на Сан Сиро како позајмен играч.
“Сакаме да го средиме тој договор, колку што сакама за нас толку и за него, да не дојде до некоја забуна. Ќе биде средено тоа во наредните две недели се со цел тимот да остане фокусиран во моментов.“
“Навистина ги цениме неговите напори што ги прави за да стаса до репрезентацијата. Сакаме да му дадеме до знаење дека има целосна поддршка од нас и затоа и се одлучуваме на ваков чекор.“
“Знаеме дека мора да игра во Европа за да избори настап во составот за на СП 2010. Тоа ни беше јасно и затоа му даваме поддршка“ - изјави еден од сопствениците на клубот.