
Поранешниот напаѓач на Барселона, Хенрик Ларсон, е среќен што неговиот сонародник Ибрахимовиќ го послушал неговиот совет и преминал во Барселона.
“Му реков, ако навистина имаш шанса да заминеш во Барса, искористи ја. Мораш да го сториш тоа, бидејќи тие се најголемиот клуб во светот и верувај ми нема никогаш да зажалиш поради тоа.“
“Златан моментално одлично напредува, мислам дека и навивачите го сакаат бидејќи тој е одлично и технички поткован, а исто физичи е силен. Вистината е дека тој е еден комплетен напаѓач.“ - рече Ларсон за El Mundo Deportivo.
Ларсон иако влезе како замена во финалето со Арсенал сепак беше најзаслужен за титулата на Барселона во ЛШ во 2006-та. Моментално настапува за Хелсинборг.