ДАлесандро сака да се врати во Европа
07/10/2009 14:01


Екс-фудбалерот на Зарагоза и Волфсбург, Андрес Д'Алесандро сака од наредната сезона повторно да се врати во Европа.


Моментално бараме клуб за него во Европа. Сега за сега ниеден тим нема доставено конкретна понуда. Интернасионал сака оштета од 5 милиони евра, но ако некој клуб ни даде и формална понуда тогаш мислам дека управата ќе се обиде да направи компромис со нив.“


За Андрес целта е да добие добар договор. Нема некое првенство кое му е посебно. Дали ќе биде Германија, Англија, Италија или Португалија се му е исто.“ - рече агенотот на Д'Алесандро за Footmercato.net.


Д’Алесандро моментално настапува за бразилскиот клуб Интернасионал, а својата слава ја стекна во времето кога играше во Бундеслигата за Волфсбург, кога и беше и стандарден репрезентативец на Аргентина.


Можна варијанта која се шпекулираше уште ова лето е премиерлигашот Портсмут, каде што веќе еднаш и играше, но како позајмен играч.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0248][42]