Селекторот на холандксата репрезентација Берт Ван Марвик од својот список за престојната пријателска со Австралија во Сиднеј го изостави играчот на Реал, Рафаел Ван дер Ваарт.
“Веќе зборував со Рафаел за ова и тој покажа разбирање. Одигра само еден натпревар досега, навистина малку за четери месеци. Досега правев исклучоци за него бидејќи тој е специјален играч и секогаш ни носеше нешто посебно.“
Ван Марвик потоа му ја кажа опцијата за тој да биде во тимот: “Ако сопругата на Робин Ван Перси не се породи пред да тргнеме, тогаш Рафаел влегува на неговото место. Робин сака да биде со својата фамилија.“
Исто и Андре Ојер би можел да отпадне од списокот бидејќи неговата жена треба во тој период да се породи. Аријен Робен не е во составот поради повредата заработена со Јувентус.