
На 121. сесија на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во Копенхаген за домаќин на Летните олимписки игри 2016 е избран за Рио де Жанеиро, додека еден од главните кандидати - Чикаго испадна во првиот круг.
Иако важеше за еден од главните фаворити за добивање на организацијата на Летните олимписки игри 2016 година, Чикаго беше елиминиран во првата рунда од гласањето во 121. сесија на Меѓународниот олимписки комитет во Копенхаген (МОК). Во вториот круг на гласањето отпадна Токио.

За Рио тоа беше петти обид да ги добие Олимписките игри, а за Мадрид трет обид. Интересно, главниот шпански град беше во финалниот круг од гласањето за ОИ 2012 година, но тогаш славеше Лондон, и 1972. кога Олимписките игри ги доби Минхен.

„Како и во секој натпревар, така и овде може да има само еден победник, а тоа е Рио де Жанеиро“, изјави претседателот на МОК, Жак Рог на прес-конференцијата по гласањето.

Од 106 членови на МОК во Копенхаген беа присутни 103, а седум членови од четирите земји од кои доаѓаат градовите-кандидати немаа право на глас во првата рунда.

Извор: Таратур