Премиер лигата најпрофитабилна во Европа
02/10/2009 18:42

Во светот на спортот е прекината доминацијата на американските професионални лиги (NFL, MLB и NBA). Како што известува ФОРБС според годишниот приход Премиер лигата ја помина НБА лигата и сега е на 3-то место.


Во Премиер лигата се вртат највеќе пари од било кое друго национално натпеварување во Европа. Приходите на најквалитетното англиско фудбалско натпреварување изнесуваат 2.68 милијарди долари, што е за 70 милиони долари повеќе од NBA и со тоа е разбиено светото американско тројство.


Сепак не е се така розово во Англија, ако се земат и расходите, тогаш Англичаните се длабоко во минус. Имаат расходи од 3.5 милијарди долари, што значи дека сите клубови од Премиер лани направиле загуба блиска до 1 милијарда долари.


 


Еве како изгледа листата според приходите:


 



  1. NFL - 4.88 милијарди долари 

  2. MLB - 3.78 милијарди долари 

  3. Premier league - 2.68 милијарди долари 

  4. NBA - 2.61 милијарди долари 

  5. SERIE A - 1.5 милијарди долари 

  6. BUNDESLIGA - 1.42 милијарди долари 

  7. PRIMERA - 1.35 милијарди долари   


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0259][26]