Гечевски потпиша за ПАОК!
02/10/2009 13:33

Од денеска и официјално Тодор Гечевски е нов играч на грчки ПАОК. Нашиот кошаркарски репрезентативец по 5 години минати во Задар, каде што со успех ги бранеше боите на Хрватскиот тим, се реши својата интернационална кариера да ја продолжи во Солун во екипата на ПАОК.



Финансиски услови од договорот не се соопштени, а нашиот репрезентативен центар се обврзал на верност од една година.                            
32-годишниот Гечевски од Задар заминува како единствениот странец кој некогаш бил капитен на клубот, а во изминативе сезони тој имаше просек од 15 п и 8ск по натпревар во Јадранската Лига, а одлични партии пружаше и во Еврокуповите.


За популарниот Гец заинтересирани беа неколку силни екипи, но тој се реши да оди по стапките на Ристе Стефанов, кои исто така замина кај нашиот јужен сосед, во тимот на АЕК.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0238][60]