Фудбалерите на Боливија ја бојкотираат репрезентацијата
01/10/2009 13:38


Фудбалерите на Боливија ќе ги бојкотираат натпреварите од квалификациите за СП 2010 со Бразил и Перу. Ова го објави синдикатот на професионални фудбалери во Боливија.


Ниеден од играчите кои се повикани во репрезентацијата нема да се појави на подготовките.“ - изјави извршниот шеф Фабол Милтон Мелгар.


Како кажува Фабол сака наместо три да има само едно надзорно тело кое ќе се занимава со домашниот фудбал. Моментално имаат по едно за професионален, аматерски и боливискиот фудбалски сојуз кој се занимава со административните прашања.


Боливискиот фудбал е во длабока криза и се додека нашите предлози не бидат исполнеи, сите професионални фудбалери во државата ќе одбиваат да играат за репрезентација.“ - заврши Фабол.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0342][99]