Нашиот интернационалец и повремен репрезентативец, Стевица Ристиќ, беше јунакот на Поханг Стилес бидејќи го постигна победничкиот гол во продолжението на дуелот со Буњодкор.
Во четвртфиналето од азиската ЛШ, Пoханг Стилерс на Стевица Ристиќ играше со Буњодкор на Фелипе Сколари и Ривалдо. Во првиот натпревар Узбекистанците победија со 3:1, а со истиот резулатат заврши и овој дуел во Јужна Кореја. Победничкиот гол во 102-та минута беше дело на Ристиќ. Македонскиот интернационалец одлично реагираше со глава во шеснаесетникот на гостите.
Во полуфиналето се пласираа уште и јапонскиот состав на Нагоја чиј што тренер е Драган Стојковиќ-Пикси. Во најдобрите 4 е и катарскиот преставник Ум-Салал, а победникот од дуелот меѓу Ал Итахад и Пакштакор ќе го даде последниот учесник.