
Во нередите кои ги предизвикаа фановите на колмбиските клубови во два различни инцидента, животите ги загубија двајца навивачи, а десетина се приведени од полицијата.
Најпрво во инцидентот помеѓу навивачите на Депортес Толиме и Депортиво Кали, на еден автопат во средна Колумбија дошло до општа тепачка меѓу фановите, при што еден од нив паднал од надвожњакот и загинал.
Во истиот ден во Богота дошло исто до општа тепачка помеѓу фановите на Милионариос и Индепедиенте при што една особа смртно е прободена со нож. За овој случај полицијата привела десетина осомничени.
Минатиот викенд уште еден навиач беше убиен. Станува збор за синпатизер на Атлетико Насионал. За овој случај се осомничени четири особи.