Како што соопштија денес од Клиничкиот центар во Белград, навивачот Брис Татон кој што пред 10 дена беше донесен во критична состојба, изутринава им подлегнал на повредите.
Францускиот навивач на Тулуз беше донесен после завршувањето на дуелот Партизан - Тулуз со тешки повреди на главата и градите здобиени при меѓусебна пресметка во центарот на Белград помеѓу фановите на двата клуба.
Тепачката се случила во Irish pub откако на 15-тината навивачи кои седеле во кафичот им дошла група од 30-тина фанови на Партизан и брутално ги претепала. При тоа бил повреден и келнер од кафичот, а и уште неколку други учесници во тепачката се здобиле со полесни повреди.
Партизан загуби со 3:2 на тој натпревар.