Може за некои очекувано за некои не, сепак денес Јовица Арсиќ си поднесе оставка на функцијата селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија.
“Ми беше чест и задоволство да работам како селектор во Македонија. За три години имавме коректни резултати, односно најдобри во историјата. Тоа е резултат на меѓусебната соработка на федерацијата со стручниот штаб и играчите. Мислам дека по завршувањето на Европското првенство и освојувањето на деветото место време е да се направат промени на селекторското место.“ - рече Арсиќ.
Инаку од КФМ објавија дека на местото спортски директор на репрезентацијата е назначен нашиот доскорашен капитен Врбица Стефанов, кој доби пофални зборови и од сега веќе екс-селекторот Јовица Арсиќ.
“До пред некое време мислев дека само Бодирога е кошаркарот кој е комплетна спортска личност, со извонредно однесување, во секое време посветен на кошарката и на својата земја, но таков има и во Македонија, а тоа е Стефанов.“�