Дресот на Адријано досега го купиле 75 000 фанови
27/09/2009 22:45


Одличен маркетиншко-спортски потег направија од управата на Фламенго со купувањето на напаѓачот Адријано, откако тој претходно беше отпуштен од италијанскиот шампион.


Адријано го напушти Интер поради бурниот ноќен живот, не посветувајќи се доволно на својата фудбалска кариера. Тој потпиша за Фламнго и има договор до јуни наредната година. Досега одигра 20 натпревари, а со 13 погодоци е најдобриот стрелец во лигата со што се полека се врати на вистинските патеки и повторно го сврте вниманието на најдобрите клубови.


Сепак добрата вест за управата е финансиската добивка која ја имаат од неговиот ангажман. Тие досега продале околу 75 000 дресови со 10-ката на Адријано. Фирмата која ги изработува овие дресови, планира да продаде уште најмалку двојно дресови на Бразилецот.


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0254][49]