
Претседателот на еден од најдобрите бразилски клубови во моментов, Коринтијанс, треба да пристигне во Милано каде што би преговарал со Росонерите за трансфер на Роналдињо.
Ова го пишува Folha de Sao Paolo која исто кажува дека претседателот, Андреас Санчез, е убеден дека Рони би преминал во нивните редови се со цел тој да си обезбеди место во репрезентацијата на Бразил за СП 2010.
Коринтијанс во чиј состав е и бразилскиот ас Роналдо сака да има конкурентна екипа за Копа Либертадорес, јужноамериканската ЛШ, натпреварување кое бразилскиот тим го нема никогаш освоено. Место во него избори со освојувањето на Купот на Бразил.