Шпанија е новиот европски првак. Тие се победници на 36-то европско првеснство кое во претодниве две недели се одржуваше во Полска. Во финалето ја декласираа Србија со 85:63.

Актуелните светски прваци најпосле го освоија и првото злато на европските шампионите и со тоа ја потврдија доминацијата во ЕвроБаскетот напоследните 10 години. Од ЕП 1999-та во Франција па се до ова во Полска тие имаа 3 финалиња (3 сребра) и две мали финалиња (една бронза).
Може да се рече дека се беше готово уште по некаде по 7 минути игра кога Шпанците имаа серија од 4 тројки едно по друго по што дојдоа на +13 (20:7). Потоа Србите намалија на -8, за да со две серии од по 6:0, “црвената фурија“ да дојде на убедливи +20 (40:20) и потоа веќе се беше познато. Разликата до крај само се зголмуваше, Србите на кој ова им беше прво фунале на ЕП немаа мотиви, но и неможеа да сторат нешто повеќе против вака разиграниот противник кој на моменти си поиграваше со атрактивни потези со своите противници.

Ова е вториот најтежок пораз што една репрезентација го доживеала во финалињата на европските првеснтва. Како и по обичај најефикасен и најзаслужен за триумфот беше По Гасол(МВП) кој постигна 18п 11с, со тоа тој е најефикасниот играч на ова ЕП. Руди Фернандез со по 13п и Јуан Наваро 12п исто беа заслужни за ова одлично издание на Шпанците.
Кај Србите Милош Теодосиќ кој на полуфиналето постигна 32п сега имаше само 5п, но и не трошеше многу топки, добро беше чуван од Рубио и Наваро. Трипковиќ со 15п беше најзабележителен кај вицешампионите.
Скокот на Србите беше очаен, едноставно Шпанците си правеа што сакаат во нивниот рекет, дури 17 офанзивни скока што е едноставно недопосливо за било кој тим.
Бронзата оди во рацете на Грција кои во малото финале со 57:56 ја совладаа Словенија. 5-ти се Французите кои со 59:52 ја совладаа Хрватска, а 7 се Русите кои со 89:66 ја прегазија Турција.
Најдобрата петорка е: По Гасол, Еразем ЛОрбек, Руди Фернандез, Василеос Спанулис и Милош Теодосиќ