Шпанија - Србија е финалето на ЕП
20/09/2009 00:27

Репрезентациите кои се сретнаа во воведното коло на групата Ц ќе играат во финалето на ЕП во Полска. Шпанците лесно и убедливо ги поразија Грците, додека Србите преку продолженија мораа да се помачат со Словенците.



Во првото денешно полуфинале Шпанците многу лесно со 82:64 во реприза од финалето на последното СП во Јапонија ги елиминираа Грците. Една од клучните серии беша онаа пред крајот на првата четвртина кога “црвената фурија“ направи 8:0. Руди Фернандез имаше кош + дополнително, а Кабезас погоди тројка за 24:16. Потоа следуваше уште една таква серија на стартот од втората четвртина, овојпат за +13 (34:21) и веќе Грците беа скршени. Пробаа да се вратат, но Руди Фернандез и По Гасол беа одлични во втората и третата четвртина и ја одржаваа оваа предност. На почетокот на последната четвртина уште една серија од 7:0 и веќе  се отиде на +20 и веќе беше јасно дека Шпанија ќе игра финале.



Второто полуфинале беше далеку поинтересно. Србите и Словенците го одиграа најдобриот натпревар на првенството. Јунак на овој дуел беше плејмејкерот Милош Теодосиќ кој едноставно брилијарше во последната четвртина и во продолженито. Најпрво на 1мин и 20 сеунди беше фаулиран за три и ги погоди сите слобoдни за да намали на 78:75. Потоа украде една топка, повторно фаулиран, овој пат го погодува само второто слободно.


Финалето за Словенците на два пати беше во рацете на Јака Лаковиќ. Најпрво на 35 секунди промаши едно слободно и успеа да направи достижни +3 за Србите кои веќе во наредниот напад беа анулирани со тројката на Теодосиќ. Потоа во последниот напад Лаковиќ отиде на влез се обиде да го реши натпреварот, да и донесе финале на својата репрезентација, но не успеа.


Во продолжението повторно Милош Теодосиќ клучна фигура. Погоди две тројки кога се кршеше резултатот, меѓу која и онаа најважната на 26 секунди до крај за +4 (92:88). Лаковиќ врати за Словенците, но раката на Србија беше мирна и до крај во пенал завршницата тие ги погодија сите слободни за разлика од Словенците кои мораа едно да промашат и да пробаат со офанзивен да си обезбедат шут за три, во што не успеаа и заслужено Србите се во финалето.


На крај Теодосиќ имаше фантастични 32п. Перовиќ и Крстиќ завршија со по 18п. Кај Словенците браќата Лорбек имаа по 25п односно 22п. Лошото за Словенија беше што поради 5 лични им беа исклучени центрите Еразем Лорбек и Примож Брезец, па Крсиќ имаше лесна задача во рекотот во најбитните моменти.


 


Србија и Шпанија веќе се сретнаа како дел од групата Ц, тогаш нашиот северен сосед прилично убедливо славеше над Шпанците. Финалето се игра во Катовице со почеток од 21:15. Претходно Грција и Слоенија ќе играат за бронза. Франција и Хрватска ќе се борат за 5-то место, а Турција и Русија за 7-то.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0250][42]