Нашиот северен сосед во едно одлично издание без поголеми неизвесности го елиминираше актуелниот евриопски првак, додека во вториот четврт-финален дуел Шпанија ја прегази досега непоразената Франција.

Најпрво во Катовице, Србите одиграа фантасичен натпревар против Русите. Ако претходно актуелните европски шампиони важеа за репрезентацијата со најдобра одбрана, сега тој примат го превземаат Србите. Цели 7 минути во втората четвртина, “зборнаја“ неможеше да постигне кош и тогаш всушност ја создадоа клучната предност. До тогаш Русија направи 9 изгубени топки, а Србите отидоа на +13 (37:24). На крајот на првата четвртина актуелниот европски шампион имаше +3 (24:21), што значи тоа било серија од 16:0. Пред крајот на првиот дел Србите имаа дури и +18. Перовиќ беше носител на играта во втората четвртина. До крајот Русите немаа сила за пресврт и заслужено “белите орли“ влегуваат во полуфинале и можноста да освојат медал.

Час подоцна во истата сала во Катовице “Црвената фурија“ едноставно ја прегази Франција. Клучна беше серијата од средината на првата четвртина до нејзиниот крај, кога Шпанија поведе со 23:12, а претходно беше 11:10 за нив. Потоа кон крајот на третата четвртина уште една серија од 7:0 и веќе Шпанија отиде на +20 (69:49), а во еден момент имаа и +24. Во последната четвртина тренерот на Французите се откажа од победата и со втора постава реши да им се спротистави на одличните денес Светски прваци и Европски вицешампиони. По Гасол беше феноменален 28п 9с, Руди Фернандез имаше 16п, додека кај Французите разочара нивиот лидер Тони Паркер кој беше очаен со само 6п (1/6) и 3 изгубени топки, но неможеше никако да ја наметне својата игра бидејќи беше добро чуван, удвојуван, утројуван.
Србија - Русија 79:68
Шпанија - Франција 86:66
Утре се играат и останатите два четвртфинални дуели. Додека во сабота се полуфиналните средби, исто како и оние кои се за разигрување за пласман на СП 2010.