
Менаџерот на Рено Ф1 тимот, Флавио Бријаторе, си поднесе оставка од својата функција. Причината за тоа најверојатно е вмешаноста во инцидентот на Нелсон Пике Џуниор на Гран Прито на Сингапур.
Станува збор за местенката која веќе еден месец се врти во Ф1 круговите. наводно на првата ноќна трка во Сингапур 2008-та, младиот Бразилец Нелсон Пике Џуниор намерно се излетал се со цел својот тимски колега Фернандо Алонсо да збележи победа.
Ова го откри токму синот на легендата на Ф1 спортот Нелсон Пике, дентта откако доби отказ од францускиот тим поради слаби резултати. На претходните трки во Спа и Монца Бријаторе ги демантираше овие шпекулации, но сега со поднесувањето на оставка како и да го признава ова. Ако ФИА го докаже тоа ќе следуваат големи санкции по Рено.
Италијнецот веќе 20 години е во овој спорт. И целата своја кариера беше заштитен знак за Рено, на почетокот како Бенетон Рено.