Вчера со завршувањето на сите средби во Групата Е е комплетирана втората фаза во оваа група. Сите три натпревари имаа интересна завршница, а најважна за нас беше победата на Хрватите поради која Македонија го завзеде 5-то место во групата. Интересно е што Русите на крај завршија дури и втори во групата.

Во натпреварот којшто решаваше кој ќе биде прв во оваа група Франција минимално со 71:69 ја совалада Грција и тоа со кош во последната секунда на Де Коло. Претходно Спанулис со тројка изедначи на 69:69 на 8.5 секунди до крај.
Со овој пораз Грците паднаа на третото место во групата и ќе го чекаат поразениот од дуелот Турција - Словенија. Додека за Французите можни се многу комбинации, а најлошата од сите нив е да ја добијат Шпанија што всушност е и најреална, но би можеле да ја добијат и Србија во случај Словенците да изгубат од Турците.
Во натпреварот кој решаваше која репрезентација ќе оди во четврт-финалето Хрватите на крај минимално славеа со 70:68. Германците во последната четвртина на 7минути до крај имаа и +3, но Хрватите се заозбилија и го свртеа резултатот. Клучен беше офанзивниот скок на Марко Баниќ на 40 секунди до крај кога Лени Укиќ промаши слободно при +3 за “коцкестите“. Потоа Зоран Планиниќ реализираше и на 30 секунди до крај Хрватска имаше +5 што беше недостижно за Германија.

Со овој триумф на Хрватска нашата реперзентација се најде на 5-то место во групата што претставува огромен успех за нас и на крај ЕП ќе го завршиме на 10-то место од 16 репрезентации. Што во однос на нашето прво учество на ЕП е голем напредок.