За жал, нашите момци не успеаа да се пласираат во четвртфиналето на ЕП во Полска. Нашиот сон го прекина Русија која славеше со минимални 71-69. Имавме шанса за огромна сензација, но и вака го постигнуваме најголемиот успех во машката кошарка. Имаме причина да жалиме за тоа што не поминуваме во следната фаза, но нема никаква причина да бидиме незадоволни од конечниот епилог.

Денес, против европскиот шампион, покажавме заби. Одигравме машки, со срце, со ум, но тоа не беше на крајот доволно за победа. Во целиот натпревар бевме рамноправни. Се играше да не речам кош за кош, а највисоката предност ја имаше противникот, некаде при крајот на вториот период со +7. Пред се тоа се должи на фантастичниот Мозгов (25 п и 11 ск), кој го полнеше нашиот кош под обрачот. По влегувањето на Гечевски, играта во напад се подобри за сметка на одбраната, па така повеќе простор му се остави на високиот руски центар. Ние на стартот на третиот период се вративме од негативата и го превзедовме водството. Највисоката позитива од +5 ја имавме во тој период од натпреварот, но тогаш повредата, токму на Гечевски ( 16 п.) не извади од ритам, и од нашиот налет. Можеби и клучен момент за натпреварот. Антиќ ( 19п. и 10 ск)и Врбица Стефанов(16п) не одржуваа во живот, но изостана помошта од останатите.
До крајот се играше кош за кош, а посконцентрирани во завршницата беа Русите. Успеавме, за чудо, да дојдеме до шут што ќе не одведе до продолжение, но топката за несреќа излезе од обрачот. Мираковски имаше шанса да не одржи во живот но...... никој нема да му замери што промаши. Сепак на крајот и среќата ни го сврте грбот.

Можеби единствен виновник во целава ситуација, ако може да има таков, е селекторот Арсиќ. Несватливо е како не го принудувавме противникот повеќе да го користи шутот, кој патем беше очаен. Требаше да пробаме со зона или со удвојување на високиот Мозгов. Не знам од кои причини во финишот не беше внесен и Ристе Стефанов, одличен шутер. Веќе, откако Врба беше надвор од теренот, мораше одговорноста да оди на некој друг. Антиќ на пример. Наместо тоа, одлучувачкиот шут му го додели на Мираковски, кои беше на паркетот нецели 60 секунди.

Сепак, нема простор за незадоволство. Одигравме добар турнир, изборивме историски резултат. пласман меѓу првите 12, и момците заслужуваат највисоки пофалби.
Едно огрномно БРАВО од цела МАКЕДОНИЈА - БРАВО МОМЦИ, МАКЕДОНИЈА Е ГОРДА НА ВАС!!!!
управа шиткачи/спортски мк