Гечевски: Русите во втората фаза покажаа дека не се за потценување
15/09/2009 01:55

Македонската репрезентација денес со почеток во 15:45 го игра натпреварот да се биде или не. Играме со Русите, ни треба победа од 7п за сигурен пласман во четврт-финале. Токму со +7 не совладаа Русите на подготовките во Словенија. Да потсетиме “зборнаја“ е и актуелен европски шампион.  



“Да, игравме во Словенија со нив. Не се толку силни како во минатите сезони, бидејќи им недостасуваат тројца одлични кошаркари. Но, и сега играат цврсто, доста се високи и пред се добро го затвораат рекетот.“


Во првиот круг не импресионираа. Влегоа во втората група со нула бодови како и ние. Но во вториот круг со победите над Хрватска и над Грција покажаа дека никогаш не смеат да се потценат.“ - изјави Гечевски кој би требало да има има доста тешка задача да го задржи Мозгов кој е втор стрелец во својата репрезентација со 10.6 поени по натпревар.


Исто и селекторот Арсиќ се надева на добра и мотивирана и разврсна игра како што беше против Германија, резултатот сам по себе ќе си дојде.


“Пресреќни сме што успеавме да ја победиме Германија. На тој меч имавме премногу херои. Тоа значи дека игравме разновидна кошарка. Диме Тасовски погоди важни шутеви, Мираковски ја искористи дадената шанса, а Врба беше како во најдобрите денови. Мејси и Антиќ беа одлични. Тимска победа, која ни дава поголема самодоверба во денешниот меч со Русија. Во него мора да изгинеме, да дадеме се од себе и да стигнеме до огромен успех.“



Перо Антиќ е разочаран што македонската јавност многу ги критикуваше за нивното издание со Франција. “Досега игравме за нас и за Македонија и за сите вистински навивачи. Така ќе биде е денеска со Русија.“ - рече нашето крило за „Утрински весник“.


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0330][45]