На ЕП во Полска после победата на нашите миленици против Германија ни се зголемија и аптетите. Постои варијанта според која Македонија би можела да оди и во четвртфиналето и да се бори за место на СП наредната година.
Има две теории, но и во двете мора да ја совладаме Русија, па после се друго:
Значи во првата освен што ќе треба да ги совладаме Русите, ќе треба да ги победиме и со над 7 поени разлика бидејќи во случај на победа на Хрватска над Германија ќе се формира круг меѓу нас, Русија и Хрватска како репрезентации со 7 бода. Храватите нас не победија со +10, Русите ги победија Хрватите со +3, па ние ќе мора да ја совладаме Русија со +7 за да бидеме 4-ти.
Втората варијанта е ние да ги победиме Русите, а Германија да ја победи Хрватска. Во тој случај при формирање на круг ние ќе бидеме најдобри и дури ќе завршиме како 3-то пласирани во групата, Германија ќе биде 4-та, а Русија и Хрватска ќе се пакуваат.

Сепак ова се само варијанти, а играчите ќе мора барем да се обидат да ги остварат. Денес покажаа дека знаат да одиграат како што треба, да не форсираат напразно шут за три и да одиграат добра одбрана. Русите се составот кој нема многу добар напад, но одбраната им е едноставно фантастична, а против таква одбрана ние обично делуваме прилично немоќно и без идеја.
Русите се хендикепирани со неиграњето на многу носители на играта, па и самиот селектор Дејвид Блат не верува дека ќе ја одбранат титулата.
“Нема шанси. Едноставно не верувам дека можеме да стасаме толку далеку. “
“За натпреварот со Македонија највеќе се плашам од моите играчи. Сега нема што да славиме. Ќе одиме полека. Ќе одмараме до натпреварот со Македонија и мора да не ги потценуваме. И самите видовме што им направија на Германците.“ - изјави Блат по дуелот со Грција во кој “Зборнаја“ славеше со 68:65.
Натпреварот со Русија се игра во вторник со почеток од 15:45!
Еве ја табелата:
| 1. | France* | 4 | 4 | 0 | 309 | 265 | 8 |
| 2. | Greece* | 4 | 3 | 1 | 311 | 266 | 7 |
| 3. | Russia | 4 | 2 | 2 | 267 | 269 | 6 |
| 4. | Croatia | 4 | 1 | 3 | 287 | 296 | 5 |
| 5. | Germany | 4 | 1 | 3 | 292 | 313 | 5 |
| 6. | Macedonia | 4 | 1 | 3 | 268 | 325 | 5 |