Падна Германија. Со цврста игра во одбраната и сигурен напад Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа втората историска победа на Европското првенство во Полска. Прикажавме зрела игра со што заслужено стигнавме до победата.

Натпреварот го отворивме слабо, но како одминуваше времето игравме се посигурно и посигурно. Врбица Стефанов ја превзеде одговорноста на свои плеќи. По првите три промашени шута нашиот капитен избувна и реализираше 25 поени без никакво промашување. Изигра Врба лидерски и нормално, кога нему му иде полесно им е и на останатите.

Од како заминуваме на полувреме со нерешени 38-38 , на стартот на третиот период полека почнавме да го кршиме резултатот. Пред се, тоа се должи на фантастичната одбрана, кога не му дозволивме на противнико да упати удар кон нашиот кош. Имавме 4-5 украдени топки во серија и со сигурна реализација на спротивната страна се одлепивме на двоцифрена предност. Во овој период од играта доминираа Диме Тасовски и Џеремаја Мејси кои отворија убава поентерска серија, а потпомогнати од Антиќ, отидовме и на највисоки + 17... Не ја направивме истата грешка, како против Хрватска, па така смирено во последната четвртина го држевме противникот на резултатска дистанца и победата беше тука.
По кој знае кој пат се покажува дека одбраната е таа која ги носи победите. Без разлика дали играме против Хрватска, Франција или Германија, тимската игра е онаа која носи резултат. Кога оди во одбрана полесно е во напад. Нашите денес тоа го потврдија и ние сме им благодарни од се срце. Покажаа желба, борбеност и знаење а ние тоа го цениме.

Со математика и со тоа на кое место ќе завршиме ќе се занимаваме по завршувањето на утрешниот натпревар. Штета што не ја совладавме Хрватска, со што би се подотвориле шансите за влез во четвртфиналето, но што е тука е....
Поскауваме ваква игра и утре, против бранителот на тронот Русија. Нема никаков притисок врз момците не треба да има никаков страв. Без разлика што и да се случи тие се нашите херои! СРЦЕ НА ТЕРЕН!!!
управа шиткачи/спортски.мк