
Десеткратниот Ол-Стар играч Ален Ајверсон се реши својата кариера да ја продолжи во тимот на Мемфис Гризилис. Тој потпиша едно годишен договор вреден 3.1 милин долари.
34 годишниот бек-шутер кој беше слободен агент имаше неколку понуди за каде да ја продолжи својата кариера, но сепак се реши за тимот на Мемфис, бидејќи тие му ги задоволуваа условите, а еден од нив беше да биде почесто во игра.
“Оваа сезона за мене ќе биде доста лична, ова всушност ќе биде мојата втора 'руки' сезона. Тоа многу ме боли. Го уклучувам телевизорот и слуам дека веќе сум го изгубил чекорот, брзината, ритамот...Тие веќе се обидуваат да ме пензионираат.“
Сепак пречекот кој му го приредија во Федекс Форумот не беше ни така очаен како што сите кажуваат за Ајверсон. Неколку стотини фанови извикуваа “Ален те сакаме, Ален те сакаме“, “АИ“, “АИ“...
Тој ќе биде најголемото име што некогаш го носело дресот на Мемфис, претходно тоа беше По Гасол кој замина во Л.А.Лејкерс. Во својата кариера има постигнато повеќе од 23 000 поени, со што е на 16-то место на вечната листа во НБА.
Најголема помош би требало да добива од Руди Геј, Зек Рендолф и од О-Џеј Мејо. Ланскиот скор на Мемфис беше 24-58.