
Еден од најголемите играчи на сите времиња во НБА, Мајкл Џордан, денес влезе во “куќата на славните“. Друштво му правеа и неговите соиграчи од Дрим тимот во 1992-та година, Дејвид Робинсон и Џон Стоктон.
“Навистина е огромно задоволство за мене да бидам дел од оваа група. Верувајте ми јас ќе ги памтам нив исто колку што тие ќе ме памтат мене. Навистина е привилегија да бидам тука и не би се опишал како најдобар на сите времиња, бидејќи немав можност да играм против повеќето од овие играчи тука во “куќата на славните“. - изјави “летачкиот Мајк“.

Тој едноставно владееше со баскетот во неговото време. Ги однесе Чикаго до 6 шампионски прстена, 5 МВП титули во регуларен дел, 6 МВП титули во финалињата, 14 пати учесник на Ол-стар натпреварите, 3 МВП на Ол-стар натпреварите Руки на годината, 2 злата од Олимпијадите, двократен победник на натпреварот во забивање и уште многу други помали награди.
Во “куќата на славните“ влегува и најдобриот асистент на сите времиња во НБА, Џон Стоктон. Може беше малер што играше во времето на Џордан и не освои ниту една титула, но ќе биде запамтен како еден од најдобрите и најпаметните плејмејкери во светот. Исто тој е и најдобриот “крадец“ на топки во историјата на НБА. Има пропуштено само 22 дуела низ целата своја НБА кариера.
И уште еден играч влегува во друштво со најдобрите, “адмиралот“ Дејвид Робинсон. Еден од најдобрите центри на сите времиња. Сепак мораше да чека на доаѓањето на Данкан за да се радува на титула. Ги освои две со Сан Антонио, има и една МВП титула. Има постигнато над 20 000 поени и над 10 000 скокови.
Во “куќата на славните влегуваат и Џери Слоун, тренерот на Стоктон кој со Јута успеа да збележи над 1000 победи и тоа е единствњниот тренер кој успеал со еден тим да направи толку победи. И место во оваа куќа има и за Вивијан Стрингер, првата жена тренер која успеала да обезбеди пласман во Фајнал фор со три различни колеџа.